Шкендија триумфално на „генералката“ против Брегалница во Штип (ВИДЕО)

Шкендија триумфираше со 0-2 на гостувањето против Брегалница во Штип на „генералката“ за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Во главно израмнет натпревар, со можности и на двете страни, Шкендија до победата дојде со головите во второто полувреме. Првиот кој во 58. минута на специфичен начин го постигна Бесарт Ибраими од индиректен удар од 6. метри откако беше досуден поради недоразбирањето на домашниот голман кој играше со рака по повратна топка од соиграч…

Конечната победа во 82. минута ја донесе централниот дефанзивец Садриу, убаво реализирајќи со глава од непосредна близина.

Се вчитува...