Шкендија триумфално против Работнички на контролата во Охрид… (ФОТО)

По претходната победа над Пелистер, фудбалерите на Работнички загубија од Шкендија со 0-2 (0-0) на вториот тест натпревар за време на подготовките во Охрид.

На натпреварот на стадионот на СРЦ „Билјанини извори“, Шкендија до предност од 0-1 дојде во 56. минута со погодокот на Ваљон Ахмеди. Во 68. минута и Бесарт Ибраими погоди за противникот за конечни 0-2.

Утре со почеток од 16 часот на стадионот на „Билјанини извори“ во Охрид, избраниците на Ратко Достаниќ ќе играат со второлигашот Охрид.

Се вчитува...