Шкендија во Кратово по „пет од пет“

Тетовска Шкендија денеска од 16 часот во Кратово против Силекс ќе атакува на петтата победа во исто толку натпревари на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

26-годишниот напаѓач од Габон, Фахд Ндзенгуе е оптимистички расположен пред дуелот во Кратово, верувајќи дека тимот може да продолжи по триумфалниот пат.

„Треба да победиме, па мислам дека натпреварот ќе биде добар. Имам доверба во моите соиграчи и во стручниот штаб. Ајде да одиме и да го добиеме овој натпревар, тоа е единственото нешто што можам да кажам, ајде да одиме на победа и да продолжиме вака. Секако, тимската игра останува примарна. Дури и ако јас не постигнам гол, но тимот победи, тоа е добро. Тимот е пред сè, целта на тимот е над секој поединец. Ако јас постигнам гол, тоа е добро за мене затоа што сум напаѓач, но ако тимот победи и некој друг постигне гол, тоа е сепак добро затоа што тимот е над сите. Мораме да направиме сè за тимот, тимот е на прво место“ – вели Ндзенгуе пред денешното гостување во Кратово.

Oва ќе биде јубилејна 50-та меѓусебна пресметка меѓу овие два ривала. Во досегашните 49 дуели, Шкендија е поуспешна со 33 победи, Силекс триумфирал на 5 меча, додека 11 средби завршиле без победник.

Натпреварот меѓу Силекс и Шкендија се игра во петок на стадионот во Кратово со почеток од 16 часот.

Се вчитува...