Шкендија заработи 1,075 милиони евра од настапите во Европа, исто колку и Динамо Киев, Вардар со 960.000 евра

Шкендија во третата квалификациска рунда од Конференциската лига на УЕФА ги заврши годинашните настапи во Европа. Далеку полошо од минатата сезона кога „црвено-црните“ ја минаа и групната фаза од ова натпреварување, дочекаа пролет во Европа и играа во 1/16-финалето на Конференциската лига.

Па, согласно тоа, тетовци оваа сезона минаа далеку полошо и на финансиски план во однос на минатата година.

Шкендија годинава од Европа заработи точно 1,075 милиони евра, исто како и украинскиот гигант Динамо Киев. На листата од клубовите кои ги завршија натпреварувањата со иста заработка се и Бохемијанс, Динамо Минск, РФС Рига…

Двата други македонски претставници во европските натпреварувања ова лето заработи помалку средства. Вардар заработи 960.000 евра од Европа, а Силекс – 325.000 евра.

Според системот за распределба на наградниот фонд на УЕФА, клубовите добиваат по 175.000 евра за секое одиграно квалификациско коло, а дополнително следува и бонус за елиминација во зависност од фазата во која завршува настапот. Елиминацијата во третата фаза на тетовци им донесе дополнителен бонус од 550.000 евра, па вкупно се дојде до сумата од 1.075.000 евра.

Се вчитува...