Шкупи до убедлива победа на тестот против Осогово

Искористувајќи ја паузата поради репрезентативните настапи, фудбалерите на Шкупи славеа убедлива победа од 4-0 на пријателскиот натпревар против второлигашот Осогово.

Чаирчани триумфот го најавија со голот на Диак уште во првото полувреме, а потоа во вториот дел стрелаа и Дарбо Дембо, Дани како и Диак, кој уште еднаш се запиша во листата на стрелците.

Стратегот Муарем Бајрами од почетокот на дуелот им даде шанса на оние фудбалери кои се со помала минутажа во првенството.

Се вчитува...