Новото 24. коло ќе донесе и нови промени на домаќинствата во Првата лига, откако Шкупи и Победа се решија да ги сменат стадионите на кои вообичаено ги пречекуваат своите ривали.
Шкупи се уште нема добиено зелено светло за настап на стадионот во Чаир, а во меѓувреме своите домашни средби ги играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари. Сепак, раководството на клубот од Чаир вечерва објави дека поради најавите за дожд во текот на претстојниот викенд, како и слабите услови на теренот во Маџари, Шкупи својот домашен меч од 24. коло против Скопје ќе го одигра на стадионот во Тетово.
Исто така, челниците на Победа решија својот неделен натпревар против Работнички да го играат на стадионот „Младост“ во Струмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА