Шкупи донесе дефанзивец од Азербејџан

Шкупи официјализираше уште еден трансфер, откако денеска потпиша едногодишен договор со Елвин Јунушада. Станува збор за 27-годишен дефанзивец од Азербејџан кој низ кариерата има настапувано за Нефчи, Карабах, Сабаил и за Сабах, а преселбата во Шкупи е негов прв интернационален предизвик во кариерата.

„Среќен сум што се договорив за соработка со Шкупи, особено откако на вчерашниот дуел со Шкендија видов дека овој тим го краси одлична атмосфера во екипата. Имам само пофални зборови и за тренерот, кој има одличен карактер и знае како да извлече максимум од фудбалерите. Мислам дека сите заедно со напорна работа можеме да бидеме кандидати за титулата“, изјави Јунушада по потписот на договорот.

Шкупи денеска го доби Нефчи од Азербејџан како прв ривал во квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...