Шкупи доведе уште две засилувања: Салим Фарсак и Меригим Дани пристигнаа на Чаир

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи претстави уште две засилувања за претстојната сезона. Пред крајот на летниот преодниот рок, тимот од Чаир  успеа да ги ангажира Салим Фарсак и Меригим Дани.

Фарсак пристигнува од Турција и тоа од редовите на шампионот Башакшехир и ќе биде двегодишна позајмица во Шкупи. Фарсак е поливалентен фудбалер кој може да игра и во средниот ред и во одбраната. Второто засилување крилниот фудбалер Меригим Дани од Влазерими.

Се вчитува...