Шкупи е новиот шампион во ПМФЛ! (ВИДЕО)

Шкупи и официјално е новиот шампион во Првата лига. Чаирчани на четири кола до крајот со победата над Ренова од 2-0 денеска, се закитија со шампионскиот трофеј, четврти во нивната историја. Долго време Шкупи го „кршеше“ отпорот на Ренова, а успеа во тоа во 81. минута, кога Адетунџи со глава, по центаршут на Стоилов погоди во мрежата на Алексовски, кој дотогаш имаше одлични интервенции. Во 95. минута и Куевен по асистенција на Трапаноски за конечни 2-0.

После вториот гол и големо славје на Чаир, публиката влезе на теренот да ги поздрави новите херои кои ја донесоа оваа титула.

Во Тетово, директната пресметка за Европа ја доби екипата на Шкендија, која го совлада Македонија Ѓорче Петров, и успеа да направи разлика на табелата, додека ѓорчепетровци имаат шанси и преку Купот да обезбедат меѓународна сцена. На крајот тетовци славеа триумф од 3-1. Дориев и Гури во 17. односно во 20. минута го „отворија“ противникот. Дориев во 68. минута зголеми на 3-0, додека Купер намали во 77. минута.

Струга ТЛ се врати по поразот од Македонија ЃП во Купот, и го победија составот на Пелистер. Џобе во 16. и во 42. минута донесе 2-0 по првиот дел, за во второто полувреме Бојку и Кочоски ги постават конечните 4-0.

Најубедлив триумф оствари тимот на Тиквеш кој со „петарда“ го совлада Борец. Лазаров во 19. и во 31. минута за 2-0 за кавадарчани на полувремето. Ивановски во 59. минута донесе 3-0, па Љамчевски од пенал во 73. минута зголеми на 4-0, за Мишов во 79. минута да ги постави конечните 5-0.

ПМФЛ, 29. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

Шкупи – Ренова 2-0

(Адетунџи 81′, Куевен 95′)

Шкендија – Македонија ЃП 3-1

(Дориев 17′, 68′, Гури 20′ – Купер 77′)

Тиквеш – Борец 5-0

(Лазаров 19′, 31′, Ивановски 59′, Љамчевски 73′ (п), Мишов 79′)

Струга ТЛ – Пелистер 4-0

(Џобе 16′, 42′, Бојку 58′, Кочоски 65′)

Работнички – Скопје 0-1

(Јаневски 69′)

Ак. Пандев – Брегалница 2-1

(Димоски 17′, Шаркоски 50′ – Стојанов 90′ (п))

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...