Шкупи го доведе Кристијан Наумовски на голманската позиција

Македонскиот прволигаш Шкупи го врати интернационалецот Кристијан Наумовски во домашното првенство и значително се засили на голманската позиција. Тој потпиша двегодишен договор и му се приклучи на тимот на подготовки во Охрид.

„Среќен сум што успеавме да постигнеме договор со раководството на Шкупи, тренерот Мухарем Бајрами инсистираше да го засилам тимот и да дојдам во Шкупи. Ова е клуб со голема традиција во македонскиот фудбал и со верни навивачи. Се надевам дека ќе бележиме успеси во наредниот период“, изјави новото засилување на Шкупи, Кристијан Наумовски.

Тој во Македонија беше дел од Работнички, а потоа градеше интернационална кариера. Беше член на Динамо Букурешт, Левски Софија, потоа замина во Хонг Конг и настапуваше за Пегасус, а играше и на Малта, во Балзан и во Биркиркара.

Се вчитува...