Шкупи го има „Мистер Сандеј“ за активен чекор кон титула (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи се мачеше, но затоа го има Сандеј Адетунџи во своите редови за активен чекор кон титули оваа сезона.

Чаирчани не демонстрираа игра за победа денеска против Академија Пандев на Чаир, но благодарение на двата убави погодоци на „Мистер Сандеј“ дојдоа до триумфот кој за нив ја остава бодовната предност пред второпласираната Шкендија. А, на крај, тоа е најважно.

„Пандевци“, според прикажаното, заслужија најмалку бод од Чаир посебно ако се погледнат шансите на Маронг кои останаа нереализирани, но на крај победи, се чини, само посреќната екипа…

 

Се вчитува...