Шкупи го прати Бари на позајмица во Ренова

Деснокрилниот фудбалер Мухамаду Соуахиб Бари, е нов фудбалер на Ренова. 23-годишниот сенегалски фудбалер доаѓа во Ренова како позајмен од таборот на Шкупи. Откако не доби шанса да настапува многу во таборот на тимот од Чаир, тој во следните шест месеци ќе биде дел од „гипсарите“.

Ренова е активна на трансфер пазарот. Претходно овој тим ги потпиша Назим Мамазаде, Мевљан Мурати, Амир Кахримановиќ и Фисник Зука. Екипата низ пролетниот дел ќе атакува на пласман во Европа.

Од екипата си замина Арѓент Гафури кој продолжи во Воска Спорт.

 

Се вчитува...