Шкупи го претстави Илирид Адеми

Прволигашот Шкупи го претстави Илирид Адеми како засилување за новата сезона во која тимот од Чаир ќе биде дел од квалификациите во Лигата на Европа. Адеми во Шкупи доаѓа од редовите на Ренова, а претходно настапуваше и за Македонија ЃП и Ренова.

„Чест е да се биде дел до Шкупи, поради традицијата и и фановите кои ги има тимот. Среќен сум што сум дел од тимот и ветувам дека заедно со навивачите ќе се радуваме на многу голови и успеси“, изјави Адеми. 

Како што е познато, Шкупи, пак, го напушти поранешниот младински репрезентативец Бенјамин Демир кој се враќа во редовите на Македонија ЃП.

Се вчитува...