Шкупи го промовираше и Стоилов: „Кој не би сакал да игра за тим како Шкупи“ (ФОТО)

Продолжувајќи со засилувањата за новата сезона, Шкупи официјално го промовираше и поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓи Стоилов.

Стоилов откако ја заврши соработката со Зира од Азербејџан, сега се приклучува на Шкупи до крајот на сезоната.

„Мило ми е што потпишав со Шкупи. Ова е екипа со традиција која има високи цели. Среќен сум што ќе бидам дел од тим со многу добри фудбалери. Кој не би сакал да игра за Шкупи? Тоа е тим со историја и верни навивачи“ – вели Стоилов.

26-годишен Стоилов претходно во македонското првенство настапуваше и за Хоризонт Турново и за Академија Пандев со кој тим го освои Купот на Македонија.

Шкупи досега во зимскиот преоден рок ги ангажираше и Омер ИМери, Бесник Ферати, Кевен Игнасио, Патрик Менсах, Азер Омерагиќ, Омер Силејман и Гаги Мергвелашвили.

Се вчитува...