Шкупи ја совлада АП Брера, Абази е „џокерот“ на чаирчани (ВИДЕО)

Со голот на Луан Абази во 69. минута, Шкупи дојде до победа во првиот натпревар од 7. коло во ПМФЛ. Напаѓачот кој влезе во вториот дел, го постигна единствениот гол по мешаницата која настана по изведен корнер.

Претходно двата тима беа речиси рамноправни во натпреварот и по статистиката, и по шансите.

Кај АП Брера Трајков ја имаше најдобрата шанса, кога Иљази одбрани а топката заврши во стативата. На другата страна пред голот и одлична одбрана на Алчевски кој спаси сигурно водство, но не можеше ништо да стори при погодокот на Абази.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...