Шкупи на „крилјата“ на Сандеј Адетунџи до триумф во дербито, Шкендија лесно со Струга ТЛ, Работнички ја освои Битола (ВИДЕО)

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 19. КОЛО….

Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0-2)

Рушевиќ 82′, Ристовски 90′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ (1-0)

Адем 73′

Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (3-1)

Елези 11′, Гури 45’+1, Хасани 90’+3 (п) – Китановски 52′

Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (2-1)

Сандеј 28′, 77′ – Димоски 9′

Скопје: СКОПЈЕ – БОРЕЦ (1-1)

Кировски 15′ – Ѓорѓиев 9′(п)

ВЧЕРА

Штип: БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 1-2

======================================================================================

  • Крај на дуелот на Чаир. Победа на Шкупи од 2-1 против Академија Пандев, а крај и во Тетово каде Шкендија заслужено со 3-1 славеше против Струга ТЛ.
  • Единствено без победник заврши натпреварот на Автокоманда каде Скопје и Борец одиграа 1-1.

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (3-1)

3-1 – 90’+3 – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Ферхан Хасани се врати со гол во дресот на Шкендија. Од пенал, кој самиот го избори, стрелаше за 3-1

  • Крај и на натпреварот во Битола. Работнички со два гола во самиот финиш славеше значајна победа против Пелистер од 0-2.
  • Крај на натпреварот во Ѓорче Петров. Македонија ЃП со голот на Ермедин Адем во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на Тиквеш за победа и три бода.

ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0-2)

0-2 – 90′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Марјан Ристовски со погодок во последните секунди запечатува победа за „романтичарите“ во Битола


ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (0-1)

0-1 – 82′ – ГОООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. „Романтичарите“ со засилувањето Рушевиќ во самиот финиш од средбата до предност во Битола


ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (2-1)

2-1 – 77′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Кој друг ако не Сандеј Адетнџу? Повторно стрела за водство на чаирчани


ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (1-1)

!!! – 74′ – Втор жолт картон и исклучување за Фаустин Сенгор кај Шкупи. Домашните со играч помалку до крајот


МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ (1-0)

1-0 – 73′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Ермедин Адем ги носи „лавовите“ до предност на дуелот против Тиквеш

МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ (0-0)

!!! – 70′ – Втор жолт картон и исклучување и за Стефан Лазаревиќ кај Македонија ЃП

МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ (0-0)

!!! – 53′ – ЦРВЕН КАРТОН И ИСКЛУЧУВАЊЕ ЗА СТЕФАН НАУМЧЕСКИ КАЈ ТИКВЕШ

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (2-1)

2-1 – 52′ – ГООООООЛ ЗА СТРУГА ТЛ. По корнерот од левата страна, во мешаницата пред голот на домашните одлично се снаоѓа Томе Китановски кој со силен удар погодува за намалување на предноста на Шкендија

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 19. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (2-0)

2-0 – 45’+1 – ГООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. По корнерот од десната страна, Синдрит Гури со глава носи зголемена предност за Шкендија пред полувремето


ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (1-1)

!!! – 35′ – Сашко Пандев, како резервен фудбалер, добива црвен картон и е отстранет од клупата на Академија Пандев поради навреди кон судијата Јован Качевски од Струга


ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 33′ – Одличен шут на Маронг од 20 метри, перфектно шутира но Наумовски со крајни напори брани исфрлајќи во корнер

ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 28′ – ГОООООЛ ЗА ШКУПИ. Брз контранапад на домашните, Сандеј Адетунџи избива сам по десната страна и ниско по земја стрела за израмнување. „Пандевци“ протестираа кај судијата затоа што домашните фудбалери не ја прекинаа акцијата и покрај тоа што еден гостински фудбалер се жалеше на повреда во тие моменти


СКОПЈЕ – БОРЕЦ (1-1)

1-1 – 15′ – ГОООООЛ ЗА СКОПЈЕ. Скопјани преку Кировски брзо израмнуваат

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (1-0)

1-0 – 11′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Убава акција по левата страна, нафрлување пред голот на Струга ТЛ каде е Дашмир Елези кој од непосредна близина стрела за 1-0

СКОПЈЕ – БОРЕЦ (0-1)

0-1 – 9′ – ГОООООЛ ЗА БОРЕЦ. Ѓорѓи Ѓорѓиев од пенал носи водство за гостите во Автокоманда

ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 9′ – ГОООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Прекрасна акција на гостите. Маронг мајсторски во празно го проигра Бојан Димоски кој рутински стрела во мрежата на домашните


ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 19. КОЛО ВО ПМФЛ

    • Познат е составот на Шкупи со кој ќе се спротистави на Академија Пандев во желбата за три бода

======================================================================================

Во 19. коло од ПМФЛ, на стартот од пролетниот дел од сезоната дербито се игра на Чаир каде Шкупи ја пречекува Академија Пандев.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...