Шкупи од денеска во Охрид, првиот тест веќе во сабота

По реализираните тестови на коронавирусот за сите фудбалери и членови на клубот, Шкупи од денеска се сели во Охрид каде ќе ја реализирани главната фаза од подготовките за новата сезона.

Експедицијата составена од 22 фудбалери и техничкиот персонал ќе остане во Охрид до 1. август.

За време на престојот покрај охридското крајбрежје ќе бидат одиграни и неколку контролни натпревари. Првиот веќе во сабота (18. јули) против второлигашот Охрид откако екипата на Борец, со која првично беше договорен тест дуел, го откажа патувањето во нашиот најголем туристички центар.

Се вчитува...