Шкупи се засили и со Грузиецот Гаги Маргвелашвили (ФОТО)

Шкупи и официјално промовираше ново име во своите редови, централниот дефанзивец од Грузија, Гаги Маргвелашвили.

По повредата на Абдул Рватубаје, кој ќе отсуствува најмалку шест месеци, Шкупи се одлучи за ангажман на 25-годишниот Гаги Маргвелашвили, кој потпиша договор до јануари 2024 година.

Централниот дефанзивец во својата кариера има настапувано за екипите на Сабуртало и Динамо Батуми во Грузија, екипи со кои се закити со шампионската титула.

„Среќен сум што сум дел од Шкупи кој ќе се бори за титулата во македонската лига. Се надевам дека ќе допринесам да ги оствариме нашите цели. Сакам да победуваме и да славиме заедно и сакам да имаме одлични настапи и на европските натпреварувања. Може да ветам дека максимално ќе ги бранам боите на овој дрес“, изјави Гаги Маргвелашвили по промоцијата во новиот дрес.

Се вчитува...