Шкупи се засили и со репрезентативецот на Сенегал, Мамаду Данфа

Шкупи добива уште едно големо засилување со ангажманот на репрезентативецот на Сенегал, Мамаду Данфа.

20-годишниот сенегалски напаѓач во редовите на Шкупи доаѓа од украинскиот Колос каде настапуваше изминатава година. Со чаирчани потпишува двегодишен договор.

Данфа е стандарден член на младинската репрезентација на Сенегал, а има еден настап и за сениорската селекција на својата земја.

Се вчитува...