Шкупи се засилува со Адем и Брдаровски од Вардар!?

Екипата на Шкупи запиша позитивен старт на новата сезона со ремито (2-2) против еден од главните фаворити за титулата оваа сезона, екипата на Шкендија.

Но, амбициите на клубот за новата сезона очигледно се активна борба за самиот врв во елитното друштво. Чаирчани на вчерашниот натпревар со Шкендија настапија без засилувањата Фреди Алварез од Костарика и Русинот, Џамал Дибиргаџиев. Но, и двајцата, без сомнение нема да бидат последните засилувања за чаирчани за новата сезона.

Според информациите од Чаир, Шкупи е веќе пред договор за ангажман на досегашните вардарови фудбалери, десниот бек Владица Брдаровски и еден од најголемите македонски таленти, Али Адем. И спортскиот директор на Шкупи, Омер Буњаку по вчерашниот дуел со Шкендија најави нови засилувања за неговиот тим.

„Позитивен старт на сезоната со бодови против тим кој е прв фаворит за шампионската титула. Продолжуваме со нови супер-засилувања. Шкупи ќе биде уште посилен“ – таинствено соопшти Буњаку.

Желба на Шкупи, според нашите информации, е и Даниел Аврамовски но најдобриот фудбалер на Вардар од минатата сезона е пред интернационален трансфер.

Се вчитува...