Шкупи со „луда фешта“ крунисан како нов шампион на Македонија (ВИДЕО)

Со „луда фешта“ на Чаир, фудбалерите на Шкупи испреплетени меѓу своите најверни навивачи на теренот на својот стадион и официјално крунисани како нови шампиони на Македонија.

Чаирчани конечно, по долги години пауза, го добија шампионскиот пехар кој по денешното последно коло во Првата македонска фудбалска лига официјално им го предадоа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и членот на УО на ФФМ, Арџент Беќири.

На прославата на чаирчани присуствуваа и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, како и вицепремиерот Артан Груби.

Шкупи ова лето ќе ја претставува Македонија во квалификациите за Лигата на европските шампиони.

Се вчитува...