Шкупи со пресврт ја освои и Струга… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Шкупи продолжуваат со победничката низа во македонскиот шампионат на патот кон трофејот сезонава, освојувајќи ја и Струга.

Чаирчани триумфираа со 1-3 на гостувањето против Струга ТЛ со пресврт откако домашните поведоа во 45. минута со извонредениот погодок на Немања Босанчиќ.

Но, пред крајот на првото полувреме Адетунџи брзо го израмни резултатот.

Во второто полувреме, најпрво Марјан Радески во 70. минута донесе предност за Шкупи од 1-2, а потоа во 87. минута Омар Имери ги постави конечните 1-3.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...