Лидерот на табелата во Првата македонска лига, тимот на Шкупи, со реми (2-2) против Ахмат Грозни ги заокружува пријателските натпревари на подготовките во Анталија.
Ахмат Грозни поведе од пенал со голот на Поларус во првиот дел, а израмни новото засилување Омар Имери на почетокот на второто полувреме.
Марко Ѓорѓиевски се погрижи за пресврт, но повторно израмни Себај. Шкупи во второто полувреме не успеа да реализира и пенал. Шутот на Фреди Алварез го одбрани противничкиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА