Новиот македонски шампион, екипата на Шкупи со убедлива победа од 3-0 против Академија Пандев пред своите навивачи на Чаир ја заокружи шампионската сезона за себе.
Во последното коло кое не решаваше апсолутно ништо околу распределбата на местата за Европа и опстанокот во лигата, чаирчани не дозволија без победа денеска да го заокружат славјето на Чаир.
Во второто полувреме, со голот на Абази во 68. минута беа поставени конечните 3-0.
Струга ТЛ и Шкендија ремизираа (1-1) со два гола во судиското продолжение. Најпрво стружани поведоа со 1-0 со голот на Дарко Илиески во 93. минута од средбата, а Шкендија израмни преку Флорент Рамадани во 95. минута.
На останатите дуели, кои исто така се без резултатско значење, Скопје победи со 4-1 против Брегалница. Двата погодоци ги постигна Филип Јаневски во 10. и во 41. минута, а погоди и Десниќ во 43. минута.
Во второто полувреме Леонид Игнатов во 51. минута зголеми на 4-0, а почесниот гол за Брегалница го постигна Ацковски во 80. минута.
Тиквеш во Кавадарци со пресврт дојде до победа над Македонија ЃП од 2-1. Победничкиот гол за кавадарчани го постигна Николај Христов во 91. минута од натпреварот.
Најубедливата победа од 1-5 на гостински терен против Борец ја запиша Ренова, а Работнички триумфираше со 2-1 против Пелистер.
ПРВА ЛИГА – 33. КОЛО
Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ 3-0
Трапановски 41′, 45’+1, Абази 68′
Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 1-1
Илиески 90’+3 – Рамадани 90’+5
Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 4-1
Јаневски 10′, 41′, Десниќ 43′, Игнатов 51′ – Ацковски 80′
Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА 1-5
Ибрахимовиќ 35′ – Абдула 15′, Кахримановиќ 28′, Селмани 45′, Шефити 53′, Јусуфи 60′
Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1
Љамчевски 51′(п), Христов 90’+1 – Купер 20′
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 2-1
Тодоровски 53′, Станковски 62′ – Ричков 83′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА