Шкупи веднаш со прв тест за шампионските амбиции – По триумф на Чаир против „пандевци“

Веднаш на стартот од пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, лидерот Шкупи со шампионски тест.

Во 19. коло од ПМФЛ денеска на Чаир, Шкупи ја пречекува Академија Пандев во обидот за потврда на шампионските амбиции. Без сомнение составот на Гоце Седлоски е желен за трите бода како начин за докажување на определбата за цврст пат кон трофејот.

„Максимално сме подготвени за стартот на втората полусезона и за натпреварот со Академија Пандев. Веќе сме фокусирани на натпреварот и не размислуваме за ништо друго. Овој пат ќе играме без публика, но нашите навивачи ќе бидат надвор од стадионот за да не поддржат и тоа е фантастично. Оптимисти сме дека со победа ќе ја започнеме полусезоната и ќе продолжиме да го држиме врвот на табелата. Ќе ги добиваме натпреварите еден по еден и на крајот ќе бидеме шампиони“ – вели Омар Имери пред денешниот натпревар со „пандевци“.

Оптимизам постои и во таборот на Академија Пандев, без разлика што во зимскиот преоден рок останаа без најдобриот напаѓач Мартин Мирчевски и без тренерот Александар Васоски.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ
Скопје: СКОПЈЕ – БОРЕЦ
Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ТИКВЕШ
ВЧЕРА
БРЕГАЛНИЦА – РЕНОВА 1-2 (0-1)
Дамњановиќ 58′ – Денковски 16′ (аг)., Серафимовски 52′

Се вчитува...