Шкупи во Охрид: Бајрами е сигурен дека тимот ќе биде 100% подготвен за Европа (ФОТО)

Шкупи централните подготовки за настапот во квалификациите од Лигата на Европа ќе ги реализира во Охрид.

Од вчера чаирчани се на охридското крајбрежје каде, како што вели шефот на стручниот штаб Муарем Бајрами, имаат одлични услови за подготовка.

„Во Охрид ќе бидеме 14 дена. Тука ќе ја поминеме втората и главната фаза од подготовките. Ќе работиме со топка и на тактичките финеси, а сето тоа ќе го испробаме и на тест натпреварите. Полека подигнувајќи го од ден на ден нивото на тренинзите верувам дека максимално подготвени ќе бидеме за Првата лига и квалификациите во Лигата на Европа“ – ни изјави Бајрами, по првиот тренинг во Охрид, притоа дополнувајќи:

„Тест средбите ги стартуваме утре против Охрид, а потоа играме со Ренова на 22. јули, а на 26. јули ќе се сретнеме со Струга Трим Лум. Генералката ќе биде закажана дополнително, после ждрепката за стартот на новата сезона во Првата лига“.

 

Се вчитува...