Шкупи води со 2-0 на Чаир, Скопје убедливо против Брегалница на полувремето (ВИДЕО)

Шкупи води со 2-0 против Академија Пандев по првото полувреме во дербито на последното коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во последното коло кое не решава апсолутно ништо околу распределбата на местата за Европа и опстанокот во лигата, единствено се очекува официјалното доделување на пехарот за новиот шампион Шкупи на Чаир.

Шкупи до предност дојде со голот на Трапановски во 41. минута од средбата, а истиот играч во првата минута од судиското продолжението зголеми и на 2-0 по грешката на голманот на гостите Јовановски.

На останатите дуели, кои исто така се без резултатско значење, Скопје води со 3-0 против Брегалница. Двата погодоци ги постигна Филип Јаневски во 10. и во 41. минута, а погоди и Десниќ во 43. минута.

Македонија ЃП, пак, води со 0-1 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци со голот на Купер во 20. минута.

И Ренова има предност од 1-2 на гостувањето против Борец, по погодоците на Џелил Абдула и Кахримановиќ.

ПРВА ЛИГА – 33. КОЛО (ПРВО ПОЛУВРЕМЕ)

Скопје: ШКУПИ – АК. ПАНДЕВ 1-0

Трапановски 41′

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 0-0

Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА 3-0

Јаневски 10′, 41′, Десниќ 43′

Велес: БОРЕЦ – РЕНОВА 1-3

Ибрахимовиќ 35′ – Абдула 15′, Кахримановиќ 28′, Селмани 45′

Кавадарци: ТИКВЕШ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1

Купер 20′

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 0-0

Се вчитува...