Шкупи за Европа се засилува со Илирид Адеми од Ренова

Шкупи за настапите на европската сцена ова лето се засилува со довчерашниот офанзивец на Ренова, Илирид Адеми.

Чаирчани, по постигнатиот договор, се очекува деновиве и официјално да го промовираат 25-годишниот Адеми како свој нов фудбалери.

Адеми во својата кариера претходно има настапува и за Македонија ЃП и Гостивар.

Како што е познато, Шкупи, пак, го напушти поранешниот младински репрезентативец Бенјамин Демир кој се враќа во редовите на Македонија ЃП.

Се вчитува...