Шок: Алкараз се откажа од турнирот во Рим

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз соопшти дека поради повреда на раката ќе го прескокне турнирот во Рим кој е на програмата следната недела.

Алкараз пред два дена е елиминиран во мастерсот во Мадрид, турнир на кој се обиде да ја одбрани титулата освоена лани.

„Чуствував болка на раката во Мадрид, нелагодност во раката. Денеска бев на тестирања и имам повреда на мускулот. За жал нема да можам да играм во Рим, потребен ми е одмор за да играм 100% без болки“, изјави Алкараз.

Се вчитува...