Никола Калиниќ се наоѓа на излезна врата од Црвена Звезда откако новиот тренер Ибон Наваро веќе стави до знаење дека нема да смета на искусниот крилен кошаркар во наредната сезона.
Последните информации говорат дека Калиниќ и покрај понудите од Евролигата и од Еврокупот, би можел да заврши во АБА2 лигата, и тоа во дресот на Војводина.
Тимот од Нови Сад потпиша договор со кој ќе стане „развојна екипа“ на Дубаи, што значи дека финансиите повеќе нема да бидат проблем за Војводина. Калиниќ има богат договор со Црвена Звезда на уште една сезона што Дубаи без поголем проблем би го покрил, а во тимот би добил сериозен лидер кој ќе ја предводи екипата во АБА2, со јасна цел овој тим сезонава да обезбеди промоција во елитното друштво.
Интересно е што доколку овој трансфер се реализира, Калиниќ своето деби во АБА2 ќе го има против Маџари, македонскиот вицепрвак кој токму против Војводина во Нови Сад ќе дебитира во регионалното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
