Шок вести за Барселона!

Од Каталонија доаѓаат информации кои ја изненадија фудбалската јавност. Бразилскиот крилен напаѓач Рафиња ја разгледува можноста да ја напушти Барселона за време на летниот преоден рок, иако има важечки договор до 2028 година.

Иако е блиску до освојување на нова титула во шпанската Примера и има целосна поддршка од тренерот Ханси Флик, Бразилецот е, според каталонскиот весник „Спорт“, во фаза на сериозно преиспитување на својата иднина.

Во текстот се наведува дека тој е во „фаза на анализа на сопствените мисли“ и дека има „егзистенцијални сомнежи за својата иднина“.

Ставот на Рафиња веќе им е соопштен на клупските челници, па затоа неговиот престој следната сезона е целосно неизвесен и покрај долгорочниот договор.

Според информациите од Каталонија, причините не се поврзани со спортските перформанси, туку првенствено со личните околности. Во клубот, сепак, не сакаат да го изгубат еден од клучните играчи и се обидуваат да го убедат да ја промени својата одлука.

Сезоната зад него беше проткаена со проблеми со повреди. Иако беше во краткиот круг кандидати за Златната топка претходната година, не успеа да го одржи континуитетот на својата форма оваа натпреварувачка година. Поради две повреди на бутот, одигра 31 натпревар, со учинок од 19 гола и осум асистенции.

Неодамна се врати во натпреварувачките активности, но не настапи во победата на Барселона од 2-1 над Осасуна. Постои можност да се врати на теренот во големото дерби против Реал Мадрид, во натпревар кој би можел да донесе и потврда за нова шампионска титула.

Се вчитува...