Кристал Палас заработи вистинско богатство во летниот преоден рок, но раководството на клубот не се погрижи да донесе адекватни замени за лидерите на тимот.
По Езе пред трансфер е и Марк Геи кој долго време е желба на Ливерпул, но доколку Кристал Палас дозволи негов премин во актуелниот шампион на Англија ќе следи заминување и на тренерот Оливер Гласнер.
Австрискиот тренерот јасно му ставил дознаење на раководството на тимот дека нема намера да остане во Лондон и очекува неговата одлука за оставка да биде веднаш прифатена, пренесуваат англиските медиуми.
Овој потег ќе означи и шок од невидени размери за тимот бидејќи токму Гласнер е „виновникот“ за најголемиот успех на Кристал Палас кој во краток период освои два трофеи и осигура место во Европа оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

