Шок во Мадрид – Медведев се предаде!

Рускиот тенисер Данил Медведев го заврши својот настап на АТП Мастерсот во Мадрид сосема неочекувано откако се предаде во четвртфиналната пресметка поради повреда.

Медведев се одлучи да го предаде мечот против Чехот Јиржи Лехечка откако со 4-6 го загуби првиот сет. Веднаш по првиот сет, Русинот одлучи дека нема да може да продолжи поради повредата.

Лехечка, кој е 31-ви тенисер во светот, претходно го елиминираше и Рафаел Надал на турнирот, за да сега се пласира во полуфиналето во Мадрид.

Се вчитува...