Шок во Њујорк: Швијонтек прокоцка 5-0 и загуби

Чинвен Женг од Кина го приреди изненадувањето на денот на УС Опен успевајќи да ја елиминира Ига Швијонтек со 2-0 во сетови, успех што е уште поголем ако се знае дека полската фаворитка отвори одлично и имаше водство од 0-5 во првиот сет.

Се очекуваше Швијонтек рутински да ја доработи задачата, но се случи сосема спротивното, Женг воскресна на теренот, при 1-5 спаси две сет топки, по што продолжи со фуриозна игра и на чудесен начин го доби сетот со 7-5. Швијонтек беше во шок, а тениската тенисерка знаеше како да го искористи тоа и славеше во вториот сет со 6-3, пласирајќи се во четвртфиналето каде ќе се сретне со подобрата од дуелот Осака – Рибакина.

Успехот на кинеската тенисерка е уште поголем ако се знае дека таа веќе еднаш на овој УС Опен се врати од 0-5, и тоа во решавачкиот сет од третото коло против Медисон Кис.

Откако го повтори тоа вечерва со Швијонте, оваа тенисерка стана прва во историјата на гранслем турнирите што на исто издание два пати успеала да се врати од 0-5.

Се вчитува...