Столе Димитриевски дефинитивно ќе добие нов тренер во Валенсија, но заедно со целокупниот стручен штаб си замина и половина управа на клубот од „Местаља“.
Челниците на клубот на состанокот одржан во Сингапур донесоа одлука не само за тренерска смена, туку и за подлабок „рез“ во клупските структури. Тренерот Корберан веќе е минато, но заедно со него клубот го напушти и извршниот директор Рон Гурлеј, човекот задолжен за трансферите во Валенсија во последните години.
Покрај Гурлеј, откази добија уште неколку членови на управниот одбор, Андрес Замора, Лисандро Исеи, Малек Шафеи и Ханс Гилхаус.
„Оваа серија откази ја означува новата фаза на клубот, во обид да се направат подлабоки промени во структурата и во фудбалскиот менаџмент на Валенсија“, се вели во дел од соопштението на клубот на нашиот Столе Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
