ШОК за Барса: Меси поднесе барање за трансфер!

Лионел Меси ги шокирал челниците на Барселона поднесувајќи официјално барање за трансфер од каталонскиот гигант во текот на летниот преоден рок. Аргентинецот не криеше дека е разочаран од слабата сезона на тимот, односот со претседателот Бартомеу веќе извесно време му е нарушен, а за своите планови за заминување го извести и новиот тренер Роналд Куман.

Бартомеу сепак се надеваше дека ќе најде начин да ја смири топката со најдобриот фудбалер на денешницата, па токму затоа со голем шок во Барса е примена веста за поднесеното барање за трансфер. Веста први ја објавија аргентинските медиуми, а во Шпанија ја пренесе весникот „Марка“, според кој аргентинскиот ас преку официјално барање за трансфер ја потврдил желбата за заминување.

Тој има клаузула од 700 милиони евра, но јасно е дека неговиот трансфер ќе биде многу понизок бидејќи Аргентинецот следното лето ќе може да си замине без никаква отштета. Интерес за Меси во изминатиот период искажаа Интер, Јувентус, ПСЖ, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, а се очекува во најскоро време да почне и аукцијата за осигурување на потписот на аргентинскиот фудбалски генијалец.

Се вчитува...