Шок за Јувентус: Манџукиќ мора на операција, крај на сезоната!?

Шокантни вести за навивачите на Јувентус по информацијата дека сезоната најверојатно е завршена за хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

Дека состојбата со Манџукиќ не е добра потврди и тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри во пресрет на натпреварот од Купот на Италија против Болоња, но никој не ја очекуваше последната вест. Манџукиќ ќе мора да биде подложен на хируршка интервенција по што ќе го чека пауза од три до четири месеци.

 

Претходно од Јувентус се надеваа дека на Хрватот нема да сметаат само еден месец, но сега веќе сосема е извесно дека 33-годишниот офанзивец ја има досега најтешката повреда во кариерата.

Се вчитува...