Шок за Ливерпул: Тијаго во „аут“ до крајот на годинава

Јирген Клоп има огромна причина за загриженост бидејќи повредата на Тијаго Алкантара не е нималку наивна и големи се шансите дека шпанскиот плејмејкер нема да може да се врати на терените до крајот на годинава. Тој настрада во финишот од градското дерби со Евертон по бруталниот старт на Ричарлисон, веќе четириесетина дена е „во аут“, а самиот Клоп не знае дали и кога повторно ќе го има на располагање своето најголемо засилување од овој преоден рок.

„Во прв момент бевме среќни по прегледите бидејќи не стануваше збор за скршеница. Сепак, како што одминува времето станува јасно дека проблемот е се посериозен. Проблематично е што никој не може да каже кога Тијаго би можел да игра повторно, бидејќи ништо не е скршено, сите претпоставуваат дека може да се врати за неколку дена, тој ќе тренира, па ќе почувствува болка… и така веќе неколку пати досега. Она што е сигурно е дека во следните неколку седмици сигурно ќе го немаме во тимот, а подетална прогноза не може да даде никој“, изјави Клоп.

Стратегот на Ливерпул се соочи со нов проблем откако и Џејмс Милнер се приклучи на долгата листа на повредени играчи пред утрешниот меч со Ајакс, заедно со Кеита, Шаќири, Александер Арнолд, Гомез и Ван Дајк.

Се вчитува...