Ламин Јамал дефинитивно нема да може да се врати за Барселона до крајот на сезонава, но последните информации се уште позагрижувачки и велат дека шпанскиот суперталент нема да биде подготвен ниту за стартот на претстојниот мундијал закажан за 12 јуни.
Каталонците се загрижени дека прерано враќање на Јамал на терените може да донесе посериозна повреда, поради која тој подоцна би го пропуштил и стартот на наредната сезона.
Лекарите прогнозираат дека Јамал ќе паузира околу два месеци од терените, поради што тој би пропуштил најмалку две средби од групната фаза на Шпанија, против Капе Верде и Саудиска Арабија. Доколку се биде во најдобар ред, тој би го имал своето мундијалско деби на мечот со Уругвај на 27 јуни.
Селекторот Де ла Фуенте е подготвен да ризикува и да го вклучи Јамал, но само доколку добие гаранции од лекарите дека крилниот офанзивец ќе биде максимално подготвен за предизвиците во клучниот дел од мундијал. Доколку рехабилитацијата во наредниот петнаесетина дена тече побавно од очекувањата, настапот на Ламин на СП 2026 сериозно ќе биде доведен во прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

