Шок за Шпанија: „Ова ми е најлош ден во животот“

Шпанската репрезентација се соочува со голем проблем пред нокаут фазата на Светското првенство.

Крилниот играч Нико Вилијамс се повреди и во емотивна порака вели дека ова е „еден од најлошите денови во неговиот живот“.

Шпанија го освои првото место во Групата Х со седум бода и без примен гол, а ќе игра против Австрија во осминафиналето на 2 јули во Лос Анџелес. Сепак, победата од 1-0 над Уругвај беше засенета од повредите на двајца важни играчи.

Шпанската фудбалска федерација објави дека Вилијамс заработил повреда на десниот адуктор по дуелот со Николас де ла Круз на крајот од натпреварот.

„Ова е еден од најлошите денови во мојот живот. Повторно се повредив по многу тешка година“, напиша 23-годишниот фудбалер на социјалните мрежи, со проценка дека стартот на уругвајскиот играч од средниот ред беше непотребен.

Селекторот Луис де ла Фуенте сега се соочува со сериозни кадровски проблеми на крилните позиции, бидејќи и Џереми Пино се повреди против Уругвај.

На крајот од натпреварот, Пино ја повреди левата клучна коска. Иако имаше големи болки, се врати во игра бидејќи на Шпанија повеќе не и беше дозволено да прави замени и остана на теренот до последниот свиреж на судијата.

„Жал ми е за повредата на Џереми. Утре ќе има тестови… Направи херојски потег останувајќи на теренот до крајот и многу му сум благодарен“, рече Де ла Фуенте.

Покрај Вилијамс и Пино, Виктор Муњоз сè уште не играл поради проблем со мускулот, па Ламине Јамал ​​е моментално единствениот целосно подготвен крилен играч во Шпанија пред дуелот со Австрија.

Се вчитува...