Антоан Гризман објави дека нема повеќе да игра за репрезентацијата на Франција. Играчот на Атлетико Мадрид оваа одлука ја донесе сосема неочекувано и ненајавено.
33-годишниот Гризман одигра 137 натпревари за националниот тим и постигна 44 голови. Во својата кариера играше во Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид и Барселона.
„Ви благодарам за сите сеќавање и за ова неверојатно патување, но време е да кажам збогум“, напиша Гризман.
Тој дебитираше за Франција во 2014 година на 5. март против Холандија, а потоа играше и на Светските првенства во 2014, 2018 и 2022 година. Во 2018 го освои и трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА