Шокантна исповед на Ѓоковиќ – Бомби паѓаа од сите страни, мајка ми беше без свест, јас и браќата плачевме (ВИДЕО)

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ се сети на на најболниот период од својот живот кога далечната 1999 година беше бомбардирањето на Србија. Новак се сети на моментот кој како што вели нема да може да го заборави никогаш.

„Беше прва или втора вечер од бомбардирањето. Само што заспавме се случи страшна екслозија. Мојата мајка стана и ја удри главата во радијатор по што остана бес свест. Ние плачевме поради тоа што таа не реагираше. Мојот татко дотрча и не праша што се случува. Среќа брзо интервенираше и успеа да ја освести мајка ми. Ги собравме работите и брзо истрчавме надвор. Беше темно и многу гласно. Иако сите врескавме не можеше ништо да се чуе. Во еден момент се лизнав и видов како паѓаат бомби над Белград. Тоа се најтрауматичните фотографии од моето детство. Сепак, на крај мислам дека имавме среќа бидејќи во тој период загинаа многу луѓе, а од мојата фамилија сите бевме живи и здрави. Не можам ни да замислам како им било на семејствата на жртвите“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...