Шокантна одлука: Карвахал ја завршува кариерата!

Изненадувачки вести доаѓаат од Мадрид. Како што пишува „Марка“, искусниот десен бек на Реал, Дани Карвахал после оваа сезона ќе ја заврши својата богата кариера. Легендарниот фудбалер на „кралевите“ има проблеми со повредите поради кои не игра оваа сезона, а се чини дека не се гледа опоравувањето.

Во превод, Карвахал против Атлетик Билбао ќе го одигра последниот натпревар во кариерата.

„Ако неговото присуство веќе изгледаше малку веројатно по ограниченото време на теренот од неговото враќање, сега ситуацијата е уште понеизвесна, ако не и невозможна. Во Реал се очекува тој да се врати на време за последниот првенствен натпревар на Бернабеу против Атлетик Билбао, што ќе биде можност да се збогува со она што секогаш ќе биде негов дом по 13 сезони во белиот дрес“, пишува Марка.

Се вчитува...