Реал Мадрид ја губи титулата во Шпанија, а сега е во трка со времето да го оспособи Килијан Мбапе да игра на следното „Ел-Класико“, кое е на програмата на 10. мај.
Тогаш Барселона може да слави титула, а на тој меч Мбапе веројатно нема да се најде во составот. Причината е повредата на коленото кој го мачи Французинот.
Пред неколку дена се појави информација дека Мбапе наводно не сакал да игра до крајот на сезоната, со цел да биде подготвен за Мундијалот за Франција.
Французинот пропушти голем број мечеви оваа сезона поради повреда, меѓутоа и натаму е водечки стрелец во Ла Лига со 24 постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
