Шола си поднесе оставка по фијаското на Црна Гора

Црна Гора доживеа фијаско во квалификациите за СП 2025 откако оваа селекција беше елиминирана од Италија, и тоа со два пораза во пресметките со селекцијата што нема апсолутно никаква ракометна традиција.

Владо Шола дојде на чело на црногорската репрезентација за дополнително да ја унапреди играта на оваа селекција, но по последниот дебакл стана јасно дека ефектот е сосема спротивен, па Хрватот веднаш по мечот објави дека си поднесува оставка од функцијата.

„Честитки до играчите, јас ја преземам одговорноста за се што беше лошо. Веднаш поднесувам оставка, жал ми е ако ја разочарав ракометната јавност во Црна Гора. Имавме добар период на ЕП, за жал не продолживме во ист ритам. Никогаш нема да кажам ниту еден лош збор за сите оние со кои соработував во Црна Гора. Не сакам да говорам како некој намерно да ни направи нешто во овој бараж. Бевме надиграни, немавме енергија и самодоверба, а тоа е најнеопходно на вакви бараж дуели.Реалноста е таа, Италија ја надигра Црна Гора и на двата меча, беше поквалитетна и во нападот и во одбраната. Не би сакал да навлегувам во причините, ќе излезе дека се правдам, а не сакам тоа да е така“, истакна Шола.

Се вчитува...