Шоу на Андонова против Бетис: Евро-гол, па супер-асистенција

Наташа Андонова продолжува со извонредните настапи во дресот на Барселона, откако македонската фудбалерка денеска беше во главна улога на дуелот против Бетис.

Токму Андонова ја најави убедливата победа на својот тим со прекрасен гол од работ на шеснаесетникот по неполни четири минути игра. Потоа Македонката извонредно се снајде и во улога на асистент, откако фантастично ја проигра во простор Тони Дуган за нов гол на каталонскиот гигант.

Се вчитува...