Шоу на Левандовски, Барселона го освои трофејот „Жоан Гампер“ (ВИДЕО)

Трофејот „Жоан Кампер“ оди во рацете на Барселона, која вечерва пред 83.000 гледачи на „Ноу Камп“ го совлада мексиканскиот тим Пумас со убедливи 6-0.

Свое шоу имаше полскиот напаѓач Роберт Левандовски кој што постигна еден гол, и запиша две асистенции за 19 минути. Покрај Левандовски, во првиот дел во листата на стрелците се запиша и Дембеле, и Педри кој стрелаше на два пати.

Во вториот дел Чави направи дури седум замени. Обамејанг погоди за 5-0, а Френки Де Јонг ги постави конечните 6-0.

Се вчитува...