Шпанија ја докажа ранливоста на Србија

Шпанија ја покажа ранливоста на српската репрезентација совладувајќи со 81-69 во последното коло во групната фаза.

Силни одбрани и мал број на поени ја красеа првата четвртина, во која Шпанците успеаја да постигнат само 13 поени, а Србите пред вторите десет минути од мечот влегоа со позитива од (13-20).

Втората четвртина беше првата катастрофална за Србија на овој шампионат. Шпанците успеаја да постигнат 32 поени и на полувреме да заминат со предност од осум поени (43-35).

Во третата четвртина продолжи доминацијата на „црвената-фурија“, а лошoто расположение во тимот на Србите го потврди, техничката која ја доби првата ѕвезда на тимот Јокиќ, кој поради дополнителна расправа со главниот судија беше исклучен, а Шпанија стигна до највисоките плус 21 (63-42). Следуваше серија на Србија од 14-4, со која успеаја до крајот на третиот период да намалат на (67-56).

Во последниот период искусните Шпанци, не им дозволија на Србите да се вратат во мечот за конечна победа од 81-69.

Рики Рубио со 19 поени беше предводник на Шпанците, додека Клавер уфрли 14. Кај Србите повторно најдобар беше Богдановиќ со 26 поени.

Во четвртфиналето Шпанија иде на Полска, додека Србија ќе има тешка задача против стоотстотната Аргентина.

Се вчитува...