Шпанките се жалат: Бевме ограбени во финалето (ФОТО)

Огромно е разочарувањето во шпанскиот табор по загубеното финале во самата завршница од дуелот со Холандија. „Црвената фурија“ имаше напад за победа, а по избрзаниот шут следеше уште поголема грешка, Аинхоа Хернандез од линијата за шест метри  ја блокираше холанската голманка, која се обидуваше да фрли брз контранапад.

Судијките го окарактеризираа тоа како „спречување на напад“, што во последните секунди од мечот се казнува со црвен картон и пенал за противничката екипа.

„Бевме ограбени“ – се жалеа дел од ракометарките, но и јавноста во Шпанија, посочувајќи дека Хернандез во моментот на блокот не газела во противничките шест метри.

На последната судиска одлука се осврна и Гонзало Перез де Варгас, голманот на Барселона и на машката шпанска репрезентација.

„Неправеден крај со една судиска одлука што е и повеќе од дискутабилна“ – напиша Гонзало на својот твитер-профил.

Се вчитува...