Шпанците го „зацементираа“ селекторот, Де Ла Фуенте останува на клупата до 2030 година

Фудбалската федерација на Шпанија ќе го награди Луис де ла Фуенте, селекторот кој ја предводеше Фуријата до европската и светската титула, со нов договор.

Претседателот на Федерацијата, Рафаел Лоузан потврди е договорено продолжување на соработката со Де ла Фуенте, а до официјализација на договорот потребно е да се решат уште неколку детали кои претставуваат формалност.

„Резултатите кажуваат сè, го имаме најдобриот селектор во историјата. Ги финишираме деталите околу договорот со кој Де ла Фуенте би останал на селекторската функција уште неколку години“, изјави Лоузан.

Шпанските медиуми пишуваат дека Де ла Фуенте ќе ја предводи Фуријата до 2030 година.

Луис де ла Фуенте во 2022 година беше назначен за селектор на Шпанија и оттогаш освои низа трофеи.

Прво триумфира во Лигата на нации во сезоната 2022/23, во 2024 година со Шпанија стана европски шампион, а летово ја освои и светската титула.

Се вчитува...